ДОМА   ЗА АКК   ЧЛЕНОВИ   F.A.Q. ОСФАФ   ФИЛМОГРАФИЈА   ГАЛЕРИЈА   КОНТАКТ  
    Button Text            
                               
                               
   

 

Посетете ја официјалната веб-страна на ОСФАФ

 

   
 

За ОСФАФ

 
 

ОПШТОЈУГОСЛОВЕНСКИ СТУДЕНТСКИ ФЕСТИВАЛ НА

АМАТЕРСКИОТ ФИЛМ

 

ОПШТО-СТУДЕНТСКИ ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИОТ ФИЛМ

 

 

Фестивалот ОСФАФ е интернационален фестивал на непрофесионален филм кој се одржувал во Скопје, Македонија.

Оригинално, ОСФАФ е кратенка за: Општо-југословенски студентски фестивал на аматерскиот филм.

Фестивалот ОСФАФ има долга традиција. Главен организатор на овој фестивал е Академскиот Кино Клуб од Скопје. За жал, со распадот на поранешна Југославија прекинува да се одржува и ОСФАФ фестивалот.

Тој бил еден од позначајните филмски фестивали во Југославија.

Фестивалот бил член на Интернационалната асоцијација на филмски и видео фестивали – IAFVF. На фестивалот, најчесто, учествувале филмови од повеќе земји од светот и поранешна Југославија (како илустрација може да послужи ОСФАФ 1988, кога учествувале 73 филмови од 19 земји).

На фестивалите учествувале автори од сите возрасти. Доминантниот дел од учесниците го сочинувале млади автори, најчесто студенти. Основната цел била едноставна: ширење на филмската култура меѓу студентите и луѓето.

За долгогодишната традиција на фестивалот зборува и фактот дека досега биле одржани 18 ОСФАФ фестивали. Првиот бил одржан во 1973 година, а последниот 18-ти бил одржан во 1990 година во Скопје.

Во периодот по осамостојувањето, поради немањето средства фестивалот не се одржувал.

 

Меѓутоа, стагнцијата на овој светски етаблиран филмски фестивал е прекината. Со голема радост, АКК објавува дека ОСФАФ повторно ќе се одржува, се надеваме континуирано.

Тоа значи дека оваа година АКК ќе го организира 19-тиот ОСФАФ фестивал со интернационално учество (условите за учество и повеќе информации за ОСФАФ можете видите тука).

Името “ОСФАФ“ како бренд ќе се задржи. Целосниот наслов на новиот фестивал ќе биде: Интернационален филмски фестивал ОСФАФ. ОСФАФ кратенката е иста, но со една измена: наместо терминот “аматерски“, терминот “алтернативен“ ќе се употребува.

Со сета почит спрема традицијата, сметаме дека тоа ќе биде посоодветно, бидејќи терминот “аматерски“ , глобално, многу ретко се употребува (повеќе информации околу термините видете кај

 F.A.Q.).

Значи, отсега ОСФАФ нема да означува: Општо-Студентски Фестивал на Аматерскиот Филм, туку ќе биде кратенка за: Општо-Студентски Фестивал на Алтернативниот Филм, со што ќе се задржи традицијата, а во исто време ќе означува фестивал во современа форма.

Иако традицијата е ОСФАФ да се одржува во мај, сепак поради неколку причини,  организаторите одлучија ОСФАФ да се одржува крајот на септември, или почетокот на октомври.

Филмските ентузијасти, вљубениците во филмот, и филсмката публика воопшто, на ОСФАФ фестивалот ќе може да гледаат филмови од поновата домашна, европска и светска филмска непрофесионална продукција.

 
2006 Академски Кино Клуб.

Сите права се задржани.