ДОМА   ЗА АКК   ЧЛЕНОВИ   F.A.Q. ОСФАФ   ФИЛМОГРАФИЈА   ГАЛЕРИЈА   КОНТАКТ  
    Button Text            
                               
                               
   

Почнува ОСФАФ 2008

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЛИНКОВИ

 

 

 

 
 

 

27-ми Септември 2008, Скопје, Македонија

 

На 3-ти и 4-ти Октомври, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20.00ч, ќе се одржи 21-то издание на Интернационалниот филмски фестивал – ОСФАФ.

На фестивалот се пријавени 80 кратки играни, документарни и анимирани филмови од 20 земји од светот. Жирито во состав: Горан Тренчовски (Македонија), Благоје Лупа (Србија) и Владо Илиев (Бугарија), од пријавените филмови на фестивалот ќе ја избере официјалната програма на ОСФАФ 2008, која ќе биде позната на 2-ри Октомври. Сите информации можете да ги следите на официјалната веб-страна на фестивалот: www.osfaf.org.mk

Оваа година, генерален покровител на фестивалот е НУ Филмски фонд на Република Македонија.

 

 

 

Официјална програма-37,ДФНФ

Награди-37.ДФНФ

UNICA 2008-национална селекција

 

 

www.osfaf.org.mk

unica-web.com

www.atcm.org.mk

www.mkc.com.mk

www.crominute.hr

www.hfs.hr

www.theiac.org.uk

www.filmofil.com

www.filmkultura.hu

   
 
 

 

 

 

 

37.Државен фестивал на непрофесионален филм – Кичево 2008

- инфо -

 
 

20-ти Април 2008, Кичево, Македонија

 

Традиционално, организатор на овој фестивал е Кино сојузот на Македонија. Оваа година фестивалот беше организиран со поддршка од Фото-кино клуб „АРТ“ – Кичево, Народната техника – Кичево и Народната техника на Македонија. Покровители на 37-от ДФНФ беа Швајцарската културна програма во западен Балкан, НУ Филмски фонд на Република Македонија и Министерство за образование и наука на Република Македонија.

Селекција од 9 филмови беше направена од страна на Уметничкиот совет на Кино сојузот на Македонија, која ќе биде прикажана на светскиот фестивал за непрофесионален филм UNICA 2008, кој ќе се одржи од 28-ми Јуни до 6-ти Јули во Хамамет, Тунис. Селекцијата на филмовите може да ја погледнете тука.

Што се однесува до овогодишното издание на ДФНФ, нешто што радува е присуството на се поголем број млади автори на овој фестивал. Иако јадрото на овој државен фестивал го сочинуваат кино клубовите од разни градови од Македонија, сепак, присуството на се поголемиот број самостојни автори е евидентно. Со ова се придонесува во подобрување на квалитетот на фестивалот, и се дава едно ново, поинакво значење на алтернативниот филм во Македонија.

 
 

37.Државен фестивал на непрофесионален филм – Кичево 2008

- награди -

 
 

20-ти Април 2008, Кичево, Македонија

 

GRAND PRIX наградата за најдобар филм на 37-миот Државен фестивал на непрофесионален филм – Кичево 2008, ја понесе Љупчо Петровски од Кино клубот „Милтон Манаки“ од Битола за своето документарно остварување „Споменици од минатото“.

Жирито во состав: Георги Василевски – претседател, Илинденка Петрушева – член, Влатко Џикоски – член, избраа 23 филмови за официјалната програма, од вкупно 44 пристигнати филмови. Што се однесува до останатите награди, првата награда во категоријата анимиран филм ја доби филмот „Влажен сон“ на авторот Иван Ивановски од Скопје, додека најдобриот во категоријата едноминутен филм беше Атанас Велковски со „Контакт“, исто така од Скопје.  За најдобар документарен филм беше прогласен филмот „Осаменост“ на Тони Коцев од Фото-кино видео клуб „ЦРНО И БЕЛО“ од Кавадарци. Доделени беа и авторски награди. Награда за најдобра камера доби Мице Чаповски од Академски кино клуб од Скопје. Најдобра режија имаше Атанас Велковски, додека Љупчо Петровски ги зеде наградите за најдобра монтажа и сценарио. Најзастапена клупска продукција имаше фото-кино клубот „АРТ“ од Кичево.

 

 

Кичево 2008 - Државен фестивал на непрофесионалниот филм

 
 

Кичево 2008

  

22-ри Март 2008, Скопје, Македонија

 

Кино сојузот на Македонија го презентира 37-то издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм кој ке се одржи на 17ти  и 18ти  Април во Кичево.

На фестивалот учество може да земе секој автор на непрофесионален филм од Македонија.

Организатори на фестивалот се Кино сојузот на Македонија, Фото кино клуб “АРТ” – Кичево, Народна техника на Македонија и Народна техника Кичево. Правилата за учество и пријавата можете да ги превземете тука.

 

 

Нов веб-сајт за Интернационалниот филмски фестивал – ОСФАФ

 
 

 

30-ти Јуни 2007, Скопје, Македонија

 

Академскиот кино клуб со особено задоволство објавува дека е изработен и поставен нов веб-сајт за Интернационалниот филмски фестивал – ОСФАФ.

На овој начин фестивалот се надеваме дека ќе добие во квалитет и ќе биде порепрезентативен и пософистициран.

Адресата на ОСФАФ фестивалот е: www.osfaf.org.mk

Отсега па натаму, сите информации во врска со ОСФАФ ќе можете да ги добиете преку новата веб-страна.

Овој проект е изработен од страна на неколку членови на АКК, а беа користени материјали од архивата на АКК и ОСФАФ фестивалот.

 
 

GRAN PRIX за филмот “КРВ“

 
 

 

28 Април 2007 Куманово, Македонија

 

Едноминутниот филм “КРВ“ на авторот Петре Чаповски продолжува да добива награди на филмските фестивали. Овојпат се искачи на самиот врв, добивајќи ја GRAN PRIX наградата на 36-тиот Државен фестивал на непрофесионален филм кој се одржа во Куманово на 27-28 Април 2007. Жирито во состав: Горан Тренчовски – претседател, Илинденка Петрушева – член, и Јовица Димитриевски – член, од пристигнатите 35 филмови, успеа да состави квалитетна официјална филмска програма од 19 филмови, поделена во две проекци.

Петре Чаповски исто така ја доби и првата награда во категоријата игран филм за филмот “КАКО ШТО МИНУВА ВРЕМЕТО“, за кој и доби и награда за најдобра режија.

Стефан Сидовски ја доби наградата за најдобро сценарио за неговиот најнов филм “IN CONTINUO”, додека нашиот нов член Јана Јовановска ја доби третата награда во категоријата игран филм за нејзиниот филм “ХЕРОЈ“.

Академскиот кино клуб ја доби наградата за најзастапена филмска продукција на фестивалот.

 
 

36-ти Државен фестивал на непрофесионален филм – Куманово 2007

 
 

2-ри Април 2007  Скопје, Македонија

 

Државниот фестивал на непрофесионален филм ќе се одржи по 36-ти пат на 27-28 Април во Куманово. На фестивалот може да учествуваат  домашни автори кои ќе ги пријават своите непрофесионални филмови на VHS, S-VHS, VHS-C, S-VHS-C, mini DV, Video CD и DVD систем. Филмовите можат да бидат од било кој жанр и од една од следниве категории: документарен, игран, анимиран, експериментален и едноминутен филм (краток филм во траење од макс. 60 сек. од било која категорија). Филмовите треба да бидат соодветно означени и спакувани.

Филмот треба да има посебна пријава која можете да ја добиете во Кино сојузот на Македонија (адресата долу или тел. 02 3238 257).

На пријавата треба да ги има следниве податоци: наслов на филмот, режија, камера, монтажа, сценарио, тон, времетраење, клуб/самостоен автор и тех.карактеристики т.е. систем/формат.

Филмот треба да трае макс. 15 минути.

Крајниот рок за испраќање на филмовите е 20-ти Април.

Филмовите испратете ги на адреса:

Кино сојуз на Македонија

П.Фах 14

1000 Скопје

Сите пристигнати филмови ќе бидат прегледани на 21.04.2007 од страна на стручно жири, кое ќе одлучува за официјалната проекција и наградите, како и за националната селекција за UNICA 2007 во Словачка.

 

 

2006 Академски Кино Клуб.

Сите права се задржани.